Во Тетово поднесена е кривична пријава против маж вработен на акушерско одделение кој агресивно се однесувал и турнал колешка на работното место.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 67-годишниот К.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 29.05.2026, пријавениот, вработен на акушерско одделение, агресивно се однесувал кон негова колешка и ја турнал.








