Лефков: Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден

Макфакс

24/08/2026

12:40

139

Големина на фонт

а а а

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвинува обвинителот Ислам Абази од СДС и ДУИ дека го спречил правдата за случајот со модуларните болници, истакнувајќи нерегуларности во тендерските услови и постапките на министерот Филипче, кој според него го загрозил животот на пациенти.

Поради обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, правдата за модуларните не виде бел ден, а факт е дека Филипче сам си ги пишувал условите во тендерот, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Изјава на Лефков за модуларните болници

„Со непокренување на обвинение за 19 модуларни болници, правдата не виде бел ден. Ова е благодарение на обвинителот во заминување, Ислам Абази кој целиот свој мандат наместо да ја извршува функцијата обвинител за гонење организиран криминал, дури и на крај на мандатот покажа дека имал единствена цел, а тоа е заштита на интересите на СДС и ДУИ. Така благодарение на овие постапки на Абази, од СДС и самиот Венко Филипче велат дека се било во ред со модуларните. Но, дека не е така јасно им е на сите. Јавноста сведочеше на низа вештачења, низа документи кои укажуваат дека за болниците да се изградат не бил баран никаков услов според Закон за градење, туку единствен закон во тоа време била волјата на Филипче. И токму поради тоа исходот од едната модуларна болница беше суровиот факт – изгореа 14 пациенти“, рече Лефков.

Тврдења за нерегуларности

Тој тврди дека Филипче во процедурите одел до таму да прави анекси за зголемување на цената на модуларните, барал од надлежните само да се потпишуваат на документите кои им ги доставувал, а не ги оставал да работат според закон.

Постапките на Филипче и можност за нова постапка

„За тоа сведочи изјава на вработено лице во Министерството за здравство кое во исказ пред обвинителството изјавило, цитирам „сакам да појаснам дека не сум ја изготвила техничката спецификација, туку само сум ја проследила по налог на министерот Филипче до министерот за труд и социјална политика“. Значи Филипче следејќи ги личните и партиските интереси не се интересирал ниту што велеле експертите. А денес излегува во јавност и се фали дека правилно постапил обвинителот на СДС и ДУИ. Но, Филипче мора да има на ум дека при нов доказ повторно може да почне постапка за исто дело. А граѓаните, семејствата на жртвите имаат право на правда“, рече Лефков.