Јувентус пропушти голем број зицери да оставри голема победа над Фрозиноне и си „играше со оган“ до самата завршница, па во судиското продолжение малку фалеше избраниците на Лучијано Спалети да бидат сурово казнети за тоа.
Фрозиноне ја погоди гредата и Јуве на крајот со малку среќа го одбрани минималното водство, кое во најмала рака требаше да биде три или четири пати повисоко со оглед на пропуштените шанси.
Рандал Коло Муани и Франсиско Консеисао пропуштија зицери пред противничкиот гол, а бидејќи Јуве продолжи со праксата на слаба реализација од минатата сезона, тренерот Лучијано Спалети реши јавно да го опомене големото летно засилување.
Коло Муани реагираше крајно лошо од непосредна близина во првото полувреме, па тоа го натера Спалети да излезе со заклучок кој не е баш пријатен за Французинот.
– Го посакувавме и го добивме Коло Муани, го бркавме него долго време и знаеме колку може да биде вреден. Сепак, тој самиот треба да знае дека не играше редовно фудбал две години и сигурно има причина за такво нешто.
– Понекогаш мислите дека сте на извонредно ниво, но реалноста вели дека нешто што оставиле зад себе на патот по кој одите и тој мора да се врати назад и да се вратите на почеток, – изјави Спалети.
What a miss by Vlahovic … ohh wait its Kolo Muani pic.twitter.com/7lPVNlSTDf
— Alex Lintuniemi (@lintu95) August 23, 2026








