Европа ја зголемува воената помош за Украина

Макфакс

24/08/2026

09:20

122

Големина на фонт

а а а

Европската комисија обезбеди дополнителни 6,1 милијарди евра за воена помош на Украина, со цел подобрување на нејзината воздушна одбрана и зајакнување на одбранбените способности против руските напади.

Европската комисија денеска одобри дополнителни 6,1 милијарди евра финансиска помош за Украина за купување нови одбранбени системи. Средствата се наменети за воздушна одбрана, ракети, муниција и радари, објави „Ројтерс“.

Овој нов пакет помош се надоврзува на претходно одобрените 16 милијарди евра за купување опрема. Од оваа сума, досега се исплатени 8,35 милијарди евра.

„Додека Русија ги засилува своите напади, преземаме конкретни акции за да ѝ помогнеме на Украина да го заштити својот народ и да го брани своето небо. Европа е со Украина и ќе ѝ обезбеди што ѝ е потребно, кога ѝ е потребно“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

 

фото/Depositphotos