Трамп го прогласи Ормускиот теснец за нова американска територија

Макфакс

23/08/2026

09:00

378

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп објави мапа на Ормускиот теснец како нова територија на САД и најави дека Америка може да преземе контрола врз стратешки важниот поморски премин меѓу Иран и Оман, што има значително влијание врз глобалните енергетски пазари.

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ повторно објави мапа на Ормускиот теснец, на која стратешки важниот поморски премин е означен како „нова територија на САД“.

На мапата е заокружено пошироко подрачје околу Ормускиот теснец, меѓу Иран и Оман. Објавата следува по претходните најави на Трамп дека САД би можеле да преземат контрола врз теснецот.

Трамп претходно изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз регионот поврзан со Ормускиот теснец и најави дека би можел да го прогласи за американска територија.

„Тоа значи многу работи, вклучително и копнено подрачје“, изјави Трамп, додавајќи дека САД би сакале Иран да постигне договор, но оти, според него, Техеран не е подготвен за „вистински договор“.

Ормускиот теснец е една од најважните светски транспортни рути за нафта и природен гас, па секое нарушување на пловидбата низ него има директно влијание врз глобалните енергетски пазари.