Во Грција се очекува нов топлотен бран со температури кои ќе надминат 40 степени, при што топлото време ќе се задржи најмалку до средината на следната недела.
Грција ја очекува нов топлотен бран, а температурите во делови од земјата во текот на викендот би можеле да надминат 40 Целзиусови степени и локално да се приближат до 42 степени.
Националната опсерваторија во Атина предупреди дека во многу региони жешкото време ќе се задржи најмалку до средината на следната недела.
Според прогнозите, максималните дневни температури ќе се движат меѓу 38 и 40 степени, додека на одредени места се очекуваат и околу 42 степени.
Грчката метеоролошка служба наведува дека воздушните маси над земјата ќе бидат од шест до осум степени потопли од просечните вредности за овој период од годината.
Во текот на викендот се очекува и дополнителен, иако благ, пораст на температурите.
Грција ова лето досега беше поштедена од подолготрајни топлотни бранови какви што беа регистрирани во делови од северна и западна Европа.
Првиот посериозен топлотен бран во земјата годинава траеше три дена во средината на јули, кога температурите, особено во централните делови на Грција, достигнаа до 42 степени.








