Северна Македонија и претходно го има видено ова сценарио: премиери кои, опиени од власта, мислеле дека најлесниот начин да ја покажат својата сила е да удираат по Албанците, вели лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Денес, како што додава, Мицкоски чекори по истиот пат.
„Удари врз албанскиот јазик. Релативизирање на Бадентер. Слабеење на правичната и соодветна застапеност. А пред сето ова, ВЛЕН молчи.
Наполеон почна да губи кога поверува дека е непобедлив.
И Мицкоски треба да разбере дека Албанците не се територија на која еден премиер ја тестира својата моќ“.
Можеш да го имаш мнозинството, му порачува Таравари на Мицкоски. „Можеш да го имаш ВЛЕН покрај себе. Но, ниту една власт не е вечна.
Историјата има една навика со „Наполеоните“: падот започнува токму тогаш кога мислат дека не можат да паднат“.








