Мицкоски за одлуката на Абази: 14 луѓе живи гореа во модуларната болница во Тетово, а обвинителството не утврди одговорност

Макфакс

21/08/2026

13:12

209

Големина на фонт

а а а

Христијан Мицкоски ја коментираше одлуката на обвинителството да ја запре постапката за модуларните болници во Тетово каде загинаа 14 лица, нагласувајќи дека нема утврдено кривична одговорност. Тој посочи дека случајот може да стане актуелен повторно доколку се појават нови докази.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна:

„Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто изминативе 5 години околу себе мобилизираше разни информации. Но, она кое што исто така е значајно да се напомене е дека во модуларната болница во Тетово живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово. За жал, обвинителот којшто веќе е во заминување — бидејќи од тоа што сум информиран е распишан оглас за избор на нов обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал — претпоставувам своите должничко-доверителски односи кон претходната влада одлучува докрај да ги испорача и не му значи тоа што живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе, не му значи тоа ништо и одлучува овој процес да го стопира“, рече Мицкоски.


Премиерот истакна дека ова не еpolitичка амнестија бидејќи секогаш може да се појават нови детали поврзани со овој процес.

„Но, сакам да знае јавноста дека ова не е политичка амнестија од страна на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци, бидејќи секогаш може да се појават нови детали кои се поврзани со овој процес и секогаш овој процес може повторно да стане актуелен и да се покрене од самиот почеток. Така што, многу пати сум ги коментирал тие одлуки во рамките на нашиот правосуден систем, а за жал една од тие скандалозни одлуки е и оваа. Она кое што мене ме збунува, а стига како порака од опозицијата е: до вчера тие коишто критикуваа за односот на правосудните органи, сега ги фалат и се полни со хвалоспеви за нивната работа и таканаречената објективност. Но, ќе повторам, овој обвинител и луѓето коишто го водеа овој случај не најдоа докази за сторено кривично дело во случај во кој гореа живи луѓе“, рече Мицкоски.