Медиумите пишуваат за идилично деби во Звезда, Риера порачува: Разочаран сум од некои работи

Дерби

21/08/2026

10:20

163

Големина на фонт

а а а

Алберт Риера имаше само четири дена да ги запознае фудбалерите на Црвена Звезда и да одработи неколку тренинзи пред натпреварот со Викторија Плзен, а оваа шок терапија во српскиот шампион донесе резултат на првиот од двата предвидени бараж дуели за пласман во Лигата на Европа.

Звезда дојде на чекор од второто по ранг европско натпреварување откако на домашен терен го победи чешкиот тим со 3:0, а додека српските медиуми пишуваат за идиличното деби на Шпанецот и дисциплинираната игра на тимот, Алберт по мечот бил прилично сериозен.

Риера не се израдува посебно на ниту еден од трите голови кои ги постигна Звезда, нешто што било последица и на некои технички потези кои не му се допаднале во играта на тимот кој неодамна го презема.

– Половично сум задоволен од овој меч, особено на тактички план. Некои работи навистина ме разочараа, видов и негативни работи од играчите. Поправивме неколку работи, но не можевме се во период од само четири дена.

– Далеку сме од тимот каков што треба да бидеме. Уште не ме познавате, ќе бидам задоволен после неколку загубени меча и кога ќе имам појасна слика за тимот. Пристигнав со документиран материјал и играчите гледаа три видео анализи, сигурен сум дека нема да сакаат да ме гледаат после оваа победа. Сепак, ќе мора да го направат тоа многу брзо, во недела не чека нов натпревар и нов предизвик, – изјави Риера.