Првата вечер од 17. Карпошово културно лето беше одбележана со концерт на македонски музички изведувачи како Делфина, Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои придонесоа за богата музичка атмосфера. Манифестацијата ќе продолжи со разнолика програма во следните денови.
Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика.

Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера.

Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на најубав начин беше заокружен првиот ден од овогодишното Карпошово културно лето.
Манифестацијата продолжува и во наредните денови со богата и разновидна програма, која ќе понуди бројни културни и уметнички содржини за сите генерации.














