[ВИДЕО] Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е безбедна за пиење

Макфакс

20/08/2026

18:30

141

Големина на фонт

а а а

Истече кризната состојба во Општина Гостивар бидејќи според последните анализи, водата е безбедна за пиење. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека локалната власт ја презема одговорноста за контрола на квалитетот на водата.

Синоќа на полноќ, истече кризната состојба на територијата на општина Гостивар. Според последните анализи, водата е чиста и безбедна за пиење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

„Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и Јавното претпријатие Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата и од грижа за квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода“, изјави Ангелов.