Најпосакуваната актерка во Холивуд повторно сингл: Раскинала со пејачот далеку од очите на јавноста, сè поминало „под радарот“

Точка

20/08/2026

17:24

653

Големина на фонт

а а а

Романсата меѓу актерката Дакота Џонсон и пејачот Рол Модел, чие вистинско име е Такер Пилсбери, заврши по неколкумесечна врска.

Според извор на магазинот „Пипл“, парот раскинал „пред извесно време“, иако точниот датум не е познат. Интересно е што само неколку недели пред да се појават вестите за раскинувањето беше објавено интервју за магазинот „Nylon“, во кое Пилсбери отворено зборувал за Дакота.


Сепак, не е познато кога точно било направено интервјуто. Ниту Дакота Џонсон ниту Рол Модел јавно не го коментираа раскинувањето, а нивните претставници не дадоа официјални изјави.

Како започна нивната врска?

Гласините за нивната врска се појавија во декември, кога беа видени заедно на вечера. До април веќе отворено поминуваа време заедно и беа фотографирани на состаноци во Њујорк и Лос Анџелес.


Извор близок до парот тогаш за „Пипл“ изјавил:

„Ова дефинитивно е нешто повеќе од минлива авантура или флерт“.


Според истиот извор, тие се гледале уште од крајот на 2025 година.

Тогаш беше наведено и дека Дакота, по долгогодишната врска со Крис Мартин, сака да оди полека и да не брза со новата романса.


Заедно работеле на песна

Само неколку недели пред да се појават информациите за раскинувањето, Рол Модел за првпат јавно ја потврди нивната врска преку приказната за создавањето на песната „Love I You“ од неговиот албум „Chuck Timely & the Hourglass“.

Пејачот раскажал дека Дакота случајно навратила во студиото додека тој работел на песната, а продуцентот Мејсон Ступс предложил таа да сними дел од вокалите.


„Реков: „Чекај! Не ги мешаме работата и врската!“ се присетил тој низ смеа.

Сепак, Дакота го прифатила предлогот и го снимила својот дел од првиот обид.

„Влезе во кабината и го направи тоа подобро отколку што можевме да замислиме“, раскажал пејачот.


За Дакота оваа врска следуваше по долгогодишната и повремено турбулентна врска со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин, која заврши во 2025 година.

Рол Модел претходно бил во врска со познатата инфлуенсерка и јутјуберка Ема Чемберлен, а нивната врска заврши во 2023 година.