Тешко повреден велосипедист по удар од возило

Макфакс

20/08/2026

14:50

200

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се случи сообраќајна несреќа каде што велосипедист се здоби со тешки повреди по удар од патничко возило на крстосницата на булеварите Гоце Делчев и Киро Глигоров. Извршен е увид од надлежните служби.

Синоќа околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.