Општина Бутел: Нов паркинг и нови пристапни патеки во Скопје Север

Макфакс

20/08/2026

14:30

218

Големина на фонт

а а а

Општина Бутел реализира нови градежни активности во населбата Скопје Север, вклучувајќи изградба на пристапни патеки и нов паркинг простор, со цел подобрување на инфраструктурата и олеснување на пристапот за граѓаните.

Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор, информираат од општината.

Со реализацијата на овие активности, како што оценуваат, се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината.

Во рамки на градежните активности се реконструираат пристапните влезови на станбените згради на улиците Боро Менков, Лазо Москов, Гоце Стојчевски и Костурска.

„Градежната офанзива на Општина Бутел продолжува со силна динамика, со цел обезбедување еднаков и рамномерен развој на сите населени места и создавање подобра и пофункционална општина за сите граѓани“.