Тешко повреден 29-годишник од Гостиварско: Изгубил контрола врз мотоциклот и паднал на коловозот

Макфакс

19/08/2026

14:20

130

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар вчера се случи тешка сообраќајна несреќа кога 29-годишен мотоциклист изгуби контрола и падна на коловозот, при што се здоби со сериозни повреди.

Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Падалиште, во село Лакавица, 29-годишниот М.В. од село Страјане, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.