Ден за Емери: Астон Вила промовираше наследник за Мартинез и нов лев бек од Атлетико

Дерби

19/08/2026

14:02

151

Големина на фонт

а а а

Астон Вила ќе има целосно нов изглед во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, не само поради заминувањата на важни фудбалери кои беа столбови на тимот, туку и поради возбудливите засилувања кои се донесоа како достојни замени.

Морган Роџерс, Јури Тилеманс, Лукас Дињ ги спакуваа куферите и си заминаа од Бирминге, на добар пат е тоа да го направи и Емилијано Мартинез, но Астон Вила донесе нови фудбалери и денеска претстави уште двајца.

Покрај Манзамби, Гарначо и Жоао Гомеш, Астон Вила денеска придодаде уште двајца фудбалери во ростерот на Унаи Емери, а тоа се нов голман и нов лев бек.

Зајон Сузуки пристигнува од Парма за сума од 35 милиони евра за да биде прв голман и наследник на Дибу Мартинез, додека левиот бек пристигна од Атлетико Мадрид.

Матео Руџери за сума од 24 милиони евра пристигна во Премиер лигата, а денеска заедно во друштво на Сузуки двајцата позираа во друштво на Емери.