Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца клиенти и присвоил речиси 5 милиони денари и над 63.000 евра

A1ON.MK

19/08/2026

12:03

539

Големина на фонт

а а а

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на Гевгелија, вработен како стручен соработник во експозитура на банка, поради сомнение дека во повеќе наврати неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил значителна сума пари.

Според информациите од МВР, К.К. во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година, во 13 наврати, без налог од корисниците, пристапувал до нивните денарски платежни сметки.


На тој начин, според пријавата, тој присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра, средства што му биле доверени во рамките на неговото службено работење.


Со дејствијата, пријавениот предизвикал материјална штета на банката. Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „проневера во службата“.