СДСМ ја поставува прашањето зошто пет недели не ги објавуваат резултатите од анализите на водата во Гостивар и обвинува за криумчарење на документи и создавање паника преку молчење.
„Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата? Лефков денеска зборува за „резултати“ и нè обвинува дека создаваме паника. Ако сè е во ред – зошто пет недели нема официјални резултати од анализите на водата во Гостивар“, прашуваат од СДСМ.
„Зошто предизвикувате несигурност и паника токму со тоа што ги криете документите? За резултатите на вашата влада не треба многу зборови. Граѓаните ги гледаат секој ден. Еве од утрово – на пумпите.
Што се однесува до здравјето на граѓаните – за вас очигледно небитно, бидејќи сте на екскурзија. Министерот Клековски вели дека анализите се прават секојдневно.
Стандард е да се прават. А вие пет недели тврдите дека водата е исправна – без јавен документ. Пет недели гледаме полицајци да се занимаваат со вода. Еден хиперхлорира. Друг вели дека е вкусна. Нема стручно лице. Нема институција. Нема документ со кој се потврдува тоа „чувство“. Кој создава паника? Оние што пет недели кријат анализи, или оние што бараат граѓаните да знаат што пијат“, прашуваат од СДСМ, преку писменото соопштение.








