Пронајдени 10 лица мигранти од Египет, уапсен криумчарот од Латвија

Макфакс

18/08/2026

12:50

148

Големина на фонт

а а а

Во село Богородица, полицијата уапси 59-годишен криумчар од Латвија, кој превезувал десет мигранти од Египет пронајдени во патничко возило. Мигрантите се сместени во транзитен центар во Гевгелија, а против криумчарот ќе биде покрената пријава.

Вчера околу 22:00 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија.

При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет.

Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.