Општина Аеродром: Бамби доби нова фасада – подобри услови за најмалите

Макфакс

18/08/2026

11:50

123

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром ги подобри условите за престој на најмалите преку нова термофасада на објектот „Бамби“ во детската градинка „Срничка“, проект реализиран преку донација и локална поддршка.

Денеска извршивме увид на новата термофасада на објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“, со која обезбедуваме подобри услови за престој на најмалите, извести градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

„Реализацијата на проектот е овозможена преку донација, како уште еден пример за поддршка и заедничко вложување во подобри услови за децата.

Со овие проекти создаваме потопли, попријатни и поквалитетни услови за раст и развој на нашите најмили“, додаде Митески.