Работна средба на Шасивари со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

Макфакс

17/08/2026

17:50

129

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари одржа средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото за да ги разгледаат досегашните успеси и да договорат идни активности насочени кон реформи во правосудството.

Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности.

„Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како и во работата на Советот за следење на реформите во правосудството. Воедно, подготвени се анализи и документи согласно европските стандарди, организирани се работни сесии, јавни расправи и работилници, а обезбедена е и поддршка во спроведувањето на Развојната секторска стратегија за правосудството 2024–2028 и Акцискиот план“, соопшти Министерството.

Најавија дека заедничките активности ќе бидат дополнително интензивирани, со фокус за зајакнување на европскиот дух преку исполнување на обврските од процесот на европската интеграција, за модерно, ефикасно, транспарентно и независно правосудство.