ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

A1ON.MK

16/08/2026

12:08

102

Големина на фонт

а а а

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека надлежните институции навремено ги спровеле потребните мерки за решавање на проблемот и оти, според последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење.

„За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитува официјалните резултати, продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи“, наведуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДС дека „изгубила компас“ и дека нејзиното раководство е „целосно дезориентирано“.

Во соопштението особено остри критики се упатени кон лидерот на СДС, Венко Филипче, кого од партијата го поврзуваат со поранешниот премиер Зоран Заев.


„Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС и претходно, во случајот со водата во Скопје, пласирала информации кои, како што велат, биле демантирани со релевантни податоци и докази.
Партијата оценува дека прашањата поврзани со водата за пиење, здравјето и безбедноста на граѓаните не треба да се користат за „политички игри“ и порача дека граѓаните можат да бидат спокојни.
„Водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека политичките несогласувања не треба да бидат причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните.