Екипата на Нешвил покажа зошто е актуелен лидер во МЛС и успеа со убедливи 4:1 да го совлада Интер Мајами на дербито, на кое актуелниот шампион со победа можеше да го преземе првото место.
Ова не беше добра вечер ниту за Лионел Меси, кој не реализираше пенал при минимална негатива на својот тим, со што постави личен антирекорд.
🚨JUST IN: Lionel Messi has missed a penalty for Inter Miami that would have leveled the match pic.twitter.com/XE0n2iVZys
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) August 16, 2026
Меси првпат во кариерата не реализираше трет пенал по ред, серија која ја започна во дресот на Аргентина, промашувајќи ги пеналите на дуелите со Австрија и Египет на СП 2026.
Сеговија сепак израмни за тимот од Флорида пред крајот на полувремето, но Нешвил го засили темпото во продолжение и стигна до победа од 4:1, при што последниот гол дојде по голем кикс на гостинскиот голман.







