На Богородица се чека околу еден час, на Табановце 30 минути

Макфакс

16/08/2026

09:03

184

Големина на фонт

а а а

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на граничните премини, особено на Табановце и Богородица, каде се чека по 30 минути и еден час за излез од државата.

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на Богородица се чека околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.