Жена од Скопје пријави измама откако уплатила значителна сума пари за каско осигурување кое не го добила, а полицијата го истражува случајот.
Триесет и петгодишна скопјанка пријавила дека била измамена за околу 200.000 денари откако поверувала во понуда за каско-осигурување.
Според МВР, жената на 13 август во СВР Скопје пријавила дека во текот на јули телефонски била контактирана од женско лице, кое ѝ понудило каско-осигурување за нејзиното патничко возило, со ветување дека за возврат ќе добие поголема сума, односно премија.
Откако во неколку наврати ја уплатила целата побарана сума, но не добила активно каско-осигурување, жената сфатила дека била измамена.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.








