Во сообраќајна несреќа во Охрид, 15-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди откако во судир учествуваа мопед и патничко возило мерцедес. Полицијата ја истражува несреќата, а повредениот е згрижен во болница.
Петнаесетгодишник од Охрид е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Јабланица“ во Охрид.
Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 13 август во 14:40 часот во СВР Охрид, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.Ј. од село Калишта, Струшко, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.








