„Instagram“ по 10 години го промени препознатливиот дизајн на името: Ви се допаѓа ли?

Точка

14/08/2026

16:24

303

Големина на фонт

а а а

„Instagram“ по десет години го промени својот препознатлив натпис, односно визуелниот идентитет на името на платформата. Новиот дизајн задржува елементи од карактеристичниот ракописен стил, но воведува поинакви форми на буквите и помодерен изглед.

Досегашниот натпис се користеше од 2016 година, кога „Instagram“ спроведе голем визуелен редизајн. Новата верзија сега комбинира ракописни и класични форми на буквите, а целта била да се задржи препознатливоста на стариот дизајн, но со посовремен пристап.

Шефот на „Instagram“, Адам Мосери, објасни дека промената била неопходна бидејќи натписот не бил менуван цела деценија.

„Натписот на врвот од апликацијата не се менуваше 10 години, па дојде време за освежување. Сега е почист и помодерен, со поврзаност со оригиналот, како и со едноставноста и прецизноста во изработката кои отсекогаш биле карактеристични за ’Instagram‘“, изјави Мосери.


Поделени реакции меѓу корисниците

Промената веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од корисниците сметаат дека новиот дизајн изгледа помодерно, а меѓу коментарите се најдоа: „Кул уметност“, „Ми се допаѓа“ и „Убаво лого – модерно и чисто, но истовремено и забавно“.

Сепак, многу корисници не се задоволни и истакнуваат дека новиот натпис е помалку читлив од претходниот. „Може да има проблеми со читливоста“, „Изгледа навистина лошо“ и „Ме потсетува на апликации за диета“, се само дел од коментарите. Еден корисник напиша: „Не знам дали изгледа лошо, но дефинитивно делува постудено и повеќе во стилот на корпоративниот капитал“.

Некои корисници, пак, се пошегуваа дека поради новите форми на буквите, натписот сега повеќе наликува на зборот „Instagzam“.