Момчето што се појави во спотот за „Бејби шарк“ денес има 17 години и започнува музичка кариера како „Бејби шарк бој“. По милијарди прегледи на видеото и долгогодишно очекување, тој се враќа на сцената со нови песни и соработка со К-поп ѕвездата Џухони.
Се чувствувате старо? Момчето од спотот за „Бејби шарк“ денес има 17 години и се обидува да изгради музичка кариера.
Парк Геон-рунг имал само шест години кога во 2016 година се појавил во спотот за „Бејби шарк денс“. Видеото во меѓувреме надминало 17 милијарди прегледи на „Јутуб“ и станало најгледаното видео на платформата.
Десет години подоцна, Геон-рунг се враќа на сцената под името „Бејби шарк бој“. Во соработка со „Д пинкфонг компани“, која стои зад „Бејби шарк“, тој на 20 август во Јужна Кореја ќе го објави првиот сингл „Вејв“, додека американската премиера е најавена за ден претходно.
На песната соработува со Џухони од К-поп групата „Монста Икс“. Геон-рунг вели дека сака да покаже страна од себе која не е поврзана само со настапот од детството.
„Пред десет години танцував на ‘Бејби Шарк’, а сега сакам да ги споделам приказните што самиот ги напишав и да го претставам својот глас“, изјавил тој.






