Артета извиси за Ромеро, па тргнал во голема офанзива за англиски репрезентативец

Дерби

14/08/2026

11:29

272

Големина на фонт

а а а

Микел Артета во последната изјава за медиумите истакна дека само мал број достапни играчи можат да донесат надградба на квалитетот на актулниот ростер на Арсенал, а се чини дека сега јасно е лоциран еден таков фудбалер.

Најугледните англиски медиуми објавија дека актуелниот премиерлигашки шампион води интензивни преговори за засилување на одбраната и тоа со Астон Вила.

Цел на „топчиите“ е Езри Конса, фудбалер кој ако се пресели во лондонскиот состав, ќе го зголеми бројот на актуелни англиски репрезентативци кои работат под водство на Артета.

Досега Арсенал имал понудено 30 милиони фунти за Конса, но Вила без многу размислување ја одбила понудата, пред се затоа што проценката на клубот е дека фудбалерот вреди двојно повеќе.

Откако Артета не успеа да го добиено Кристијан Ромеро од најголемиот ривал Тотенхем, Артета и соработниците сега повторно посериозно работат на доведување на Конса, а за таа цел ќе мора да ја приближат понудата до барањето на клубот од Бирмингем.