Скопјанец остави мачиња на улица: Еве колкава казна доби од АХВ

Точка

14/08/2026

11:02

866

Големина на фонт

а а а

Оставањето животни на јавна површина може да има сериозни последици, а тоа сега го покажа и конкретен случај во Македонија. Агенцијата за храна и ветеринарство за првпат изрече казна поради напуштање легло со мачиња. Лицето одговорно за нивното оставање е казнето со 550 евра.

Случајот го пријавил граѓанин, кој до надлежните институции доставил и видео и фотографии од мачињата оставени во парк во близина на еден трговски центар во Скопје. Според информациите објавени од порталот „Вечер.мк“, пријавата содржела конкретни докази за напуштањето на животните.

Откако случајот бил пријавен, надлежните органи започнале постапка за утврдување на идентитетот на лицето кое ги оставило мачињата. Агенцијата од Министерството за внатрешни работи добила информации за идентитетот на лицето, како и податоци за регистарските таблички на возилото поврзано со случајот. Врз основа на овие информации, ветеринарен инспектор спровел вонреден инспекциски надзор.


Казна од 550 евра

По спроведената постапка следувала парична казна од 550 евра, што претставува прв ваков случај што Агенцијата за храна и ветеринарство јавно го истакнала. Случајот предизвика главно позитивни реакции кај граѓаните, особено на социјалните мрежи.

Многумина го поздравија постапувањето на надлежните институции и фактот што пријавата од граѓанин резултирала со конкретна реакција од властите. Случајот предизвика главно позитивни реакции кај граѓаните, особено на социјалните мрежи. Многумина го поздравија постапувањето на надлежните институции и фактот што пријавата од граѓанин резултирала со конкретна реакција од властите.


Објавувањето на случајот истовремено поттикна и повици до граѓаните да не ги игнорираат ситуациите во кои ќе забележат напуштање животни. Пораката што се прошири на социјалните мрежи е дека граѓаните треба да ги пријавуваат случаите на напуштање животни и, кога тоа е можно, на надлежните да им достават информации или материјали што можат да помогнат во утврдувањето на одговорното лице.