Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон CENTAR NIGHT RUN

Макфакс

14/08/2026

09:50

156

Големина на фонт

а а а

Општина Центар организира прв општински полумаратон во Македонија под името CENTAR NIGHT RUN, кој ќе се одржи на 12 септември и има за цел да ги промовира трчањето и активниот начин на живот во просторот на центарот на Скопје.

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје.

Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“.

„Сакаме Центар да живее и преку спортот и да создава настани што ги обединуваат луѓето. Особено ми е драго што токму нашата општина ќе биде првата општина домаќин и организатор на полумаратон во државата. На 12 септември ги отвораме центарските улици за тркачите, но и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од една поинаква вечер исполнета со спорт, дружење и забава. Ги поканувам сите да ни се придружат“, вели Герасимовски.

„CENTAR NIGHT RUN“ има за цел да го промовира трчањето, активниот начин на живот и дружењето, но и да донесе нова спортска енергија на улиците во Центар.

По завршувањето на „CENTAR NIGHT RUN“, вечерта ќе продолжи во Паркот на Франкофонија со традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“.