[ВИДЕО/ФОТО] Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Макфакс

13/08/2026

18:31

339

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 347 лица од Халкидики се евакуирани со различни бродови и автобуси поради големите пожари што го зафатија регионот. Во операцијата учествуваат повеќе брода на крајбрежната стража, противпожарната служба и приватни бродови, со цел безбедно префрлање на туристи и жители.

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија на „Speedrunner Jet“, објавија грчките медиуми откако овој дел на Грција беше зафатен со големи пожари.

Операција за евакуација

Вкупно, во операцијата учествуваат два брода на крајбрежната стража, приватни бродови, два брода на противпожарната служба, три рибарски бродови и еден туристички брод.

Дополнителни начини на евакуација

Покрај по воден пат, туристите и жителите се евакуираат и со автобуси.

„Автобусите на автобуската служба на Халкидики брзаат кон Сивири и Фурка за да ги земат граѓаните поради големиот пожар што гори во областа“, објавија грчките медиуми.

 

фото/принтскрин