Пронајдена Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната

Макфакс

13/08/2026

17:10

117

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа 15-годишната Кристина која беше пријавена за исчезната. Таа се оддалечила од дома и последен пат била видена во околината на Охрид.

Полицијата ја пронајде Кристина од Охрид која беше пријавена за исчезната.

Денеска во 12:20 часот на крстосница од ул. „АСНОМ“ со ул. „Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот.

Семејството денеска објави јавен апел за пронаоѓање на 15-годишната Кристина која последен пат била видена вчера околу 16 часот.

Во моментот кога излегла од дома, била облечена во црна маица и широки сиви фармерки, а со себе носела црн ранец. Има црна коса.