Пожарот кај селото Габер се шири во шумскиот предел, но ситуацијата е под контрола и не претставува опасност за жителите. Интервенцијата се одвива со помош на три авиони и еден хеликоптер, а Центарот за управување со кризи е во постојана координација со надлежните служби за да се стави пожарот под контрола.
Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите, велат од Центарот за управување со кризи.
„Поради тоа што пожарот се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, во овој момент ќе интервенираат три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи. Пожарот се движи во правец на селото Вржале, поради што состојбата внимателно се следи и екипите се на терен“, велат од ЦУК.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, моментално е на терен и одблизу ја следи состојбата, заедно со екипите.
„Центарот за управување со кризи е во постојана координација со сите надлежни институции и служби, со цел пожарот да се стави под контрола и да се обезбеди заштита на населението“, соопштија од таму.








