Работник загина откако бил прегазен од виљушкар во фирма во Аеродром

Макфакс

13/08/2026

16:00

91

Големина на фонт

а а а

Во фирма во општина Аеродром загина 65-годишен работник кој бил прегазен од самопридвижувачки виљушкар, при што на местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата и трудов инспектор.

Шеесет и петгодишен работник од Скопје загина во несреќа на работното место во општина Аеродром.

Случајот бил пријавен вчера околу 12:25 часот во полицијата од екипа на Итната медицинска помош, од каде било известено дека во круг на фирма има починато лице.

Според пријавеното, В.Н. (65) од Скопје извршувал работни задачи кога бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се придвижил.

За случајот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.