Полицијата во Делчево го приведе маж што физички ја нападнал и заклучил својата мајка во семејниот дом, при што бил под дејство на висока количина алкохол во крвта.
Полицијата во Делчево го приведе А.З. (40), откако било пријавено дека во семејниот дом во делчевско село повеќепати физички ја напаѓал својата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал.
Според пријавеното, вчера во текот на денот тој агресивно се однесувал кон мајка му и ја заклучил во соба.
При преземањето мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта.
А.З. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








