Доктор Чибишев за лажните информации за скопската вода: Ако водата беше загадена со ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти

Нетпрес

13/08/2026

14:10

437

Големина на фонт

а а а

Познатиот доктор токсиколог Андон Чибишев се огласи по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје.

„Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Escherichia coli. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Escherichia coli кај сите и во сите случаи не предизвикува симптоми и болест доволно е само 10 % од жителите на Скопје да развијат слика на воспаление на цревата тоа ќе значи дека за ден-два ќе има над 50 000 пациенти. Тоа ќе значи голем проблем за државата и можен колапс на здравствениот систем“, порача тој преку фејсбук објава.


Нагласи дека МВР е на потег, итно да се откријат нарачателите, креаторите и, како што рече, промоторите на оваа гнасна лага која внесе надоверба и страв кај граѓаните на Скопје.