[ВИДЕО] Суперјахта вредна 50 милиони евра удира во карпите во Грција

Макфакс

13/08/2026

13:10

246

Големина на фонт

а а а

Во тесниот Коринтски канал во Грција, луксузна суперјахта вредна околу 50 милиони долари имала проблеми и удрила во страничните ѕидови, настан што привлече големо внимание и беше сниман од локален канал.

Во Коринтскиот канал во Грција, луксузната суперјахта „BLUE II“ долга речиси 56 метри имала проблеми при минувањето низ тесниот канал и на повеќе места удрила во неговите странични ѕидови.

На снимката се гледа како јахтата се движи на само неколку сантиметри од страните на каналот, пред да дојде до контакт со ѕидовите.

„BLUE II“ според специјализирани бази на податоци вреди околу 50 милиони долари, што дополнително го привлече вниманието кон инцидентот.

Настанот целосно е снимен во видео кое го обезбедил Михалис Папаманолакис преку популарниот канал „Коринтогносија“.

На снимките се гледа како луксузната јахта се движи на само неколку метри од стрмните карпести страни, а и покрај напорите на искусниот екипаж, на повеќе места доаѓа во контакт со нив. Снимките предизвикале големо внимание во поморската јавност, јавија грчките медиуми.