ПСЖ не изгледаше најполетно и најдобро во еден дел од натпреварот против Астон Вила и во еден момент изгледаше дека „виси голот“ на Сафонов, но европскиот шампион одолеа на притисокот од Англичаните и зададе конечен удар со голот на Дезире Дуе.
Погодокот за 2:1 во второто полувреме ја направи главната разлика во Салцбург и ПСЖ освои втор трофеј во европскиот Суперкуп, а Луис Енрике не го криеше задоволството што неговиот тим победи и во услови кога се уште не делува најразработено и најсвежо за настап на највисоко ниво.
– Ова беше тежок меч за подготовка, но ја остваривме целта. На добар дел од играчите им требаше повеќе одмор, малку време со семејствата, но секојпат кога го облекуваат дресот на ПСЖ, тие веднаш се активираат и ја пронаоѓаат вистинската конкеција.
– Покажавме од што сме направени и во необични услови. И покрај сите грешки и неповрзани потези, покажавме дека знаеме како да стигнеме до победа како тим.
– Во фудбалот секогаш се зборува за играчите кои стартуваат, но на ова ниво, идентично важни се и измените, особено на вакви финални натпревари. Сите играчи се на иста страна и тоа е од голема важност во нашиот тим. За да освојувате големи трофеи, мора целиот тим да оди во ист правец, – порача Лучо.








