Пронајдено телото на исчезнатиот Португалец, потрагата по четвртиот продолжува

Макфакс

13/08/2026

09:37

300

Големина на фонт

а а а

Телото на еден португалски државјанин кој исчезна заедно со уште тројца беа пронајдени, додека потрагата по четвртиот член од групата продолжува. Двајца од нив беа пронајдени живи во Велебитскиот канал по повеќечасовна потрага.

Телото на Португалецот кој исчезна заедно со уште тројца, ноќта кон средата, беше пронајдено утрово. Потрагата по четвртиот сè уште е во тек, а двајца се пронајдени живи.

Двајца португалски државјани беа пронајдени живи вчера по повеќечасовно пребарување во Велебитскиот канал, додека интензивната потрага продолжи по преостанатите двајца од групата од четири члена.

Групата исчезна во среда навечер откако испловила со мал гумен чамец од камп во близина на Сењ и покрај силните ветрови и лошото време.