Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање велат од СДСМ

Макфакс

13/08/2026

09:21

198

Големина на фонт

а а а

СДСМ ја критикува владата на Мицкоски за неспособност во справување со здраствените проблеми поврзани со загадување на водата и епидемијата од западно нилска треска, обвинувајќи го министерот Тошковски за непрофесионално работење и укажувајќи на институционален распад.

„Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска. Што прави премиерот и министрите во Владата? Премиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлорирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со полиција“, велат од СДСМ.

„Тој кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје. Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија? Во ВМРО – ОКГ сите се занимаваат со туѓа работа само не со својата.

Како луѓето да имаат доверба? Гледаат дека ништо не функционира, затоа здравјето на луѓето е под ризик. Доцнат со реакциите, кријат информации од народот, потоа ескалира состојбата. Неспособната Влада на Мицкоски ниту основните функции не ги извршува, не може да го заштити здравјето на луѓето. Тотален институционален распад а сметката ја плаќаат граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.