Четиригодишното дете од Македонија, кое денеска беше пријавено за исчезнато во албанското туристичко место Голем, е пронајдено и е во добра состојба.
Детето исчезнало во близина на областа Алто Маре, по што семејството веднаш го пријавило случајот во полиција и започнала потрага. Во акцијата биле опфатени и околината на плажата, како и туристичките објекти во Голем.
Откако беше објавен апел за помош, во кој беа споделени информации за изгледот и облеката на детето, потрагата траеше неколку часа.
Случајот има среќен епилог – детето е пронајдено и повторно е со своето семејство.








