Утре температури до 37 степени, наместа пороен дожд и грмежи

Макфакс

12/08/2026

17:40

80

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но на некои места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со температури кои ќе достигнат до 37 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, јавува УХМР.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.