Нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, велат од Министерството за здравство

Макфакс

12/08/2026

14:40

362

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека нема регистрирани пациенти чии здравствени проблеми се поврзани со загадена вода во Скопје, а институциите продолжуваат да ја следат ситуацијата и апелираат за точно и објективно информирање.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје.

Ова го потврди директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана на денешната прес-конференција во Министерство за здравство, како и одговорните лица од Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје, кои исто така, информираа дека досега не се регистрирани вакви случаи.

„Министерството продолжува активно да ја следи состојбата и навремено ќе информираме за сите релевантни податоци.

Воедно, апелираме за точно, вистинито и објективно информирање, како и проверка на сите факти пред објавување информации, кои ја засегаат јавноста“, велат од МЗ.