Две лица измамени за 15 илјади евра: Тетовец им рекол дека ќе им среди да земаат пензија во странство

Макфакс

12/08/2026

14:10

55

Големина на фонт

а а а

Во Тетово е поднесена кривична пријава против лице обвинето за измама, кое со лажно ветување им зел 15.000 евра на две лица дека ќе им обезбеди работен стаж во странство за добивање пензија.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Е.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на 2025 година, пријавениот со лажно прикажување на факти земал пари во износ од 15.000 евра од две лица од тетовско, односно ги измамил дека ќе им го среди работниот стаж во странска земја за да можат да добијат пензија.