Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Макфакс

12/08/2026

11:10

65

Големина на фонт

а а а

Општина Кисела Вода спроведува вонредна акција за дезинсекција во Драчево насочена кон сузбивање на ларвите на комарци денеска, а во петок ќе следува третман против возрасни комарци.

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

„Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти. За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок“, се наведува во соопштението на Општина Кисела Вода.