Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Макфакс

12/08/2026

09:31

295

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде сончево и топло, со температура која во одредени места ќе достигне и до 40 степени, проследено со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 38 степени.