Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ – ГУМНО 2026: „Последните крајолици на човештината“

Макфакс

11/08/2026

16:10

102

Големина на фонт

а а а

Меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ – ГУМНО од с. Слоештица ќе одржи својата 23-та издание со учество на претставници од Либеречката школа за фотографија од Чешка, кои ќе документираат и изложат дела поврзани со природното и културно богатство на регионот.

Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ – ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување.

Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија – LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, во три наврати реализираа престој во уметничкиот центар со седиште во селото Слоештица и крстосуваа низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува.

Годинава, во периодот од 12 до 23 август, гости на меѓународната уметничка колонија ќе бидат 7 претставници на чешката школа за фотографија. Двајцата професори – Шимон Пикоус и Јана Хунтрова и селектирани студенти ќе продолжат со извонредната уметничка фото-документација и преку своите фотографии ќе ја овековечат приказната за т.н. „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“.

Воедно, нивното гостување ќе биде искористено за продуктивни дискусии со нивни колеги, особено млади фотографи, пред сѐ од пелагонискиот регион, како и релевантни претставници од областа на културната едукација, со цел обмислување на долгорочна соработка со размена на студенти, искуства, знаења, заеднички проекти и сл.

Селектирани фотографии создадени за време на престојот, традиционално ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на посебен настан, насловен како ОТВОРЕНО СТУДИО што ќе се одржи на 22 август.

Проектот се реализира со делумна поддршка од македонското министерство за култура и туризам.

фото: Јана Хунтрова, 2024г.