Прогноза за времето утре најавува сончево и многу топло време со температури што ќе достигнат до 40 степени, со ветрови од север и облачност која ќе варира.
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Утре и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени.








