На 9 август во Карпош, вработен во Итна медицинска помош се однесувал агресивно и упатувал закани со остар предмет кон здравствениот персонал, при што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
На 9 август во 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош, Ф.С., вработен во Итна медицинска помош, се однесувал агресивно и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.








